Дома Вести Македонија Кабелски оператори
|
|
Кабелски оператори |
|
|
Сите приватни национални телевизии и дел од скопските бараат од кабелските оператори веднаш да престанат со реемитување на нивните програми.
Здружението на приватните електронски медиуми донесе одлука да се престане реемитувањето на програмите Канал 5, Сител, Телма, Алсат М, Ера, Скајнет и Алфа на кабелските мрежи на: - „Роби“,
- „Телекабел“,
- „Теленет“,
- „Имиџ“,
- „Моби“ и
- „Сити“.
Барањето е испратено и до Советот за радиодифузија, каде се бара во содејство со Агенцијата за електронски комуникации веднаш да издадат налог со кој ќе им наредат на овие кабелски оператори да престанат со реемитувањето. Според законите, доколку не се испочитува оваа одлука, кабелските оператори ќе бидат законски гонети и ќе треба да платат казна. Телевизиите соопштија дека по исклучувањето на програмата ќе продолжат преговорите за евентуално продолжување на соработката со Здружението на кабелските оператори на „Сиз МК-нет“.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|