Најнови клипчиња

Online Chat

Логирај се

Реклами

Slikicki
Igri
Moto Struga

Гласајте за нас

Гласајте за Најди Време

Рандом галерија

Да се насмееме

Дошла плавуша во продавница за бела техника и вика:
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Утредента плавушата ја офарбала косата црна и пак отишла во продавницата.
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Доаѓа палвушата повторно утредента целосно маскирана во бринета (црна) и вика
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
- Е добро де, како ме препознавте дека сум плавуша!?
- Епа тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
 
Зошто Кинг-Конг сака плавуши?

- Затоа што е мајмун!
 
Која е разликата меѓу паметна плавуша и Јети?
- Можеби некој ќе го најде Јети!
 
Што имаат заедничко плавуши и девици?
- Ништо
 
 Зошто е добро да имаш плавуша за совозач?

 - Можеш да паркираш на местото за инвалиди!
 

Да сме заедно

 
 

Поважни телефони

Поважни телефони:
Полиција : 192
Брза помош : 194
Пожарна : 193
АМСМ : 196
Автобуска Охрид : 260-339
Аеродром Охрид: 252-820
НУ Центар за култура : 261-063
ФТУ - Охрид : 262-147
Охридско лето : 261-304
Warez

Дома
Интервју со Ѓорѓе Ѓорѓевски Print
 Прв пат по несреќата во која загина Тоше Проески во јавноста се појавува возачот на џипот Туарег, со кој се случи сообраќајката. За Ѓорѓе Ѓорѓевски, или за неговите пријатели познат како Ѓоле, имаше безброј шпекулации кои одеа до таму што цитираа негови изјави за настанот кои тој воопшто не ги дал, зборуваа за средби со него кои тој не ги имал...

И, после се', еве го Ѓоле за прв пат во јавноста со ова интервју во ВЕЧЕР.

Во својот дом, Ѓорѓевски е под постојана медицинска нега, но вели болката за загубата на неговиот близок пријател е најтешка. Не го загрижува дали ќе се поднесе пријава против него и како ќе заврши целата истрага за немилиот настан. Загубата на Тоше е најголема казна и полошо од тоа не може да биде. Интервјуто го правевме во неговиот дом.

Ѓорѓевски, се уште нецелосно заздравен, лежеше во кревет. Телефонот во неговиот дом на улицата "Рузвелтова" во Скопје постојано ѕвонеше. Го бараа новинари за изјави и интервју. Ѓорѓевски вели најупорни биле од хрватската телевизија Нова, онаа телевизија која најмногу пишуваше во изминативе денови против него. Од ТВ Нова се јавиле непосредно пред нашето пристигнување, но не сакал и не можел да зборува.

Како се чувствувате, со оглед на тоа дека имавте многу видливи повреди?
- И физички и психички сум скршен и лошо се чувствувам. Под постојана медицинска нега сум, двапати во денот ме посетува доктор, примам инјекции, анестетици и средства за смирување. На два дена ме посетува невролог и невропсихијатар. Но, психичката болка е потешка. Едноставно, како може да се чувствувам после се што се случи...
Колку време се познававте со Тоше?
- Со Тоше се знаевме 15 години, но шест години интензивно се дружевме. Го изгубив тоа што го изгубив, најдобриот пријател и брат. Бевме многу блиски. Кога ќе ми се јавеше и кога ќе зборуваше за мене, никогаш не викаше возачот или бодигардот. Ме ословуваше со брат. Ќе ми се јавеше, ќе ме прашаше: Кај си брат. Ретко дозволуваше друг да го вози. Доаѓаше кај мене дома, идев кај него, си верувавме еден на друг. Изгубив брат.

Во немилиот настан во Хрватска настрада Тоше. Вие бевте веднаш хоспитализирани. Кој Ве информираше за несреќата?
- Дека мојот најголем пријател загинал во сообраќајката дознав од медицинскиот персонал. Таму имаше и доктор и медицинска сестра, ми кажа некој од нив. Во еден момент прашав како се другите од возилото, ми кажаа дека Тоше не преживеал. За тој момент не можам многу да зборувам.

Дали бевте уморен кога тргнавте на пат за Хрватска?
- Воопшто не бев уморен. Тргнавме од Скопје пред полноќ, а во Ниш ја земавме Љиља. Кај неа седевме, се освеживме и продолживме за Хрватска. Никој не бараше да брзаме, ниту дека сме врзани со време. Никој за ништо не ме форсираше.

ВЕЧЕР објави дека 15-тина минути пред несреќата сте застанале да се одморите.
- Да, запревме на бензинска пумпа. Не поминаа ни 10 минути откако тргнавме оттаму до несреќата. Претходно застанавме уште 4-5 пати. Секогаш кога ќе посакав и ќе имав потреба застанував, и никој не негодуваше за тоа. Накусо, патувавме лежерно и без брзање.
Од наплатната рампа до местото на несреќата има некаде околу 130 километри. Ние застанавме некаде на половина од тој пат. На таа бензинска која вие во пишувањето ја спомнувате, запревме за да пиеме кафе, да ставиме бензин, и потоа продолживме. Требаше да стигнеме во Загреб, на Зухра шоу, некаде околу 12 напладне. Имавме доволно време, па дури и повеќе од потребното, и за никакво брзање не може да стане збор. Не бев заморен за да заспијам. Не заспав.

Какви беа условите на патот? Имаше ли некакви сериозни пречки?
- Патот сум го возел повеќе пати, и дење и ноќе. Тоше немаше возач кој бил на одмор во тој период како што се зборуваше. Го возев многу често на таа релација. Тој ден имаше многу јака магла. Но јас Туарегот го возев често. Тој беше со целосна опрема, имаше секакви сензори, па и сензор за дистанца кој ви сигнализира ако пребргу се доближувате до некој предмет или возило.

Дали се сеќавате на моментот кога се случи несреќата? Хрватските медиуми уште веднаш објавија дека не памтите што се случило.
- Како може да не се сеќавам ?! Тоа е, исто така, и моментот кога го изгубив мојот најголем пријател. Ништо не сум заборавил. Се сеќавам на се'. Но, деталите ќе ги кажам на суд.

Дали некое службено лице од истрагата се обиде да разговара со Вас и да Ве испраша што се случило?
- Мене воопшто никој не ме праша за ништо. Не дојде ниту полицаец, ниту истражен судија. Дојде еден полицаец и ми ја донесе возачката дозвола или можеби беше само торбичката, работи од колата, тука беа и работите на Љиља. Мислев ќе ме испрашува, но тој се задржа само две минути и ништо не ме праша. Претходно дојде еден адвокат, Хрват и се претстави... Јас сум адвокат (тој и тој) и побара да му се потпишам за да ми го врати пасошот, нешто како дали се согласувам тој да го подигне пасошот и да ми го донесе, така нешто беше.
За несреќата распит со мене за потреби на истрагата никој не направи. Никој ништо не ме праша за тоа. Изјава никому не му дадов зашто никој од мене тоа не го побара.

Дали сопатниците Љиља и Тоше спиеја во возилото кога се сличи несреќата? Според некои информации Тоше спиел, според други гледал филм, едни велат бил легнат на седиштето, други дека седел... Која е вистината?
- Тоше седеше на совозачкото седиште кое беше спуштено до долу и го фаќаше делот од задното седиште. Не беше прв пат Тоше да заспие додека патуваме. Тоа често се случуваше. Љиља седеше на задното седиште позади мене. Сигурносни појаси имавме. Само Љиља не беше врзана со сигурносен појас. Лименките кои ги купивме кога застанавме на бензинската пумпа за да дополниме бензин во резервоарот се уште празни стоеја во автомобилот. Не беа фрлени. Со Љиља комунициравме, цело време разговаравме. Правевме муабет. Немаше никакви шанси да заспијам. Непосредно пред несреќата таа ме прашуваше дали ми се спие? Дали сум уморен? Дали има потреба да ме замени, таа да вози малку? Но, не се чувствував уморен. Останав на возачкото седиште.

Билјана ЗАФИРОВА

ФОТО: АРХИВА ВЕЧЕР
Коментари
Додади новоПребарај
Напиши коментар
Име:
Website:
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Security Image
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
 
< Prev   Next >

Македонија

Внимавајте што јадетеВнимавајте што јадете
Дирекцијата за храна која е должна да ја контролира безбедноста на храната, сега ќе ги учи гр...
Повеќе ...
Протерувањето на новинаритеПротерувањето на новинарите
Протерувањето на новинарите беше автогол на грчката Влада, сметаат дел од грчките новинари. ...
Повеќе ...
Битка за иметоБитка за името
Според соопштението на грчкото МНР, за време на средбата со заменик министерот Валинакис, по...
Повеќе ...
Црвена линија околу името?Црвена линија околу името?
„Мора да знаеме сите, и тоа го потенцираме, дека Македонија нема друга иднина освен целосн...
Повеќе ...

Свет

Масакр во ФинскаМасакр во Финска
Во училиште во југозападна Финска убиени се девет лица, а најмалку двајца тешко се ранети, ја...
Повеќе ...
Мафијашка банка во БелгијаМафијашка банка во Белгија
Криминална организација која обезбедувала пари за мафиите од повеќе земји, беше откриена од ...
Повеќе ...
Монструм сече главиМонструм сече глави
Непознат машки глас, кој најверојатно бил на возраст од околу 40 години, во средата попладнето...
Повеќе ...
Русија го лаже светотРусија го лаже светот
Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во интервју за „Франс 24“ ја обвини Русија де...
Повеќе ...
Forum

Живот - Здравје

Полот зависи од роднините!Полот зависи од роднините!
Истражувањето покажа дека мажот од своите родители ја наследува склоноста да има повеќе маш...
Повеќе ...
Медот лекува изгоренициМедот лекува изгореници
Лекувањето на изгореници со мед би овозможило побрзо зараснување во однос на средствата кои...
Повеќе ...
Тиквичката ги чува нервитеТиквичката ги чува нервите
Спектарот на нутриенти кој го содржи тиквичката е прилично импресивен. Тиквичката е одличен...
Повеќе ...
Аналгетиците штитат од рак!Аналгетиците штитат од рак!
Редовната употреба на вообичаените аналгетици, како што се аспиринот и ибупрофенот го намал...
Повеќе ...

Анкета

Што најчесто сурфате ...
 

Временска прогноза

Ohrid:
0°C
1019mb

calm km/h
Skopje:
-5°C
1023mb

calm km/h
Bitola:
0°C
1019mb

calm km/h
Prilep:
0°C
1019mb

calm km/h
Stip:
-5°C
1023mb

calm km/h
Gevgelia:
4°C
1023mb

calm km/h

Да не е досадно


 

Надворешни содржини

World News
Yahoo! News
Design by Najdi Vreme - Team
© 2009 Najdi Vreme