Најнови клипчиња

Online Chat

Логирај се

Реклами

Slikicki
Igri
Moto Struga

Гласајте за нас

Гласајте за Најди Време

Да се насмееме

Дошла плавуша во продавница за бела техника и вика:
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Утредента плавушата ја офарбала косата црна и пак отишла во продавницата.
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Доаѓа палвушата повторно утредента целосно маскирана во бринета (црна) и вика
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
- Е добро де, како ме препознавте дека сум плавуша!?
- Епа тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
 
Зошто Кинг-Конг сака плавуши?

- Затоа што е мајмун!
 
Која е разликата меѓу паметна плавуша и Јети?
- Можеби некој ќе го најде Јети!
 
Што имаат заедничко плавуши и девици?
- Ништо
 
 Зошто е добро да имаш плавуша за совозач?

 - Можеш да паркираш на местото за инвалиди!
 

Да сме заедно

 
 

Поважни телефони

Поважни телефони:
Полиција : 192
Брза помош : 194
Пожарна : 193
АМСМ : 196
Автобуска Охрид : 260-339
Аеродром Охрид: 252-820
НУ Центар за култура : 261-063
ФТУ - Охрид : 262-147
Охридско лето : 261-304
Warez

Дома arrow Вести arrow Изборите конечно завршија
Изборите конечно завршија Print
Image Денеска во земјава се гласаше и по трет пат. Предвремените парламентарни избори, кои започнаа на 1 јуни, по еден месец конечно завршија. Евроамбасадорот Фуере, кој го набљудуваше процесот од самиот почеток, разочаран што земјава се уште не може да организира избори кои ќе завршат во еден ден.

На власта и на политичките партии им порача да направат огромен напор, насилствата и нерегуларностите повеќе никогаш да не се повторат. Тоа е важно, порачува Фуере, зошто веќе на пролет земјава повторно ќе биде на испит да организира фер и демократски избори.

„Ова е долг, предолг изборен процес. Ова е трет ден на гласање на изборите кои требаше да се завршат во еден ден. И покрај тоа, Државната изборна комисија направи големи напори да обезбеди најдобри услови да не се повторат насилствата и нерегуларностите, а истото се однесува и на полицијата“, изјави Ерван Фуере, евроамбасадор во Македонија.

Претседателот на ДИК, Јосифовски, и покрај се, оптимист. Очекува конечната оценка за предвремените парламентарни избори, сепак да биде позитивна.

„Крајот, сепак, на овие избори ќе биде како што треба и со тоа ќе покаже Република Македонија дека и изборните органи и другите државни органи функционираат како што треба и дека сепак, впечатокот во целина ќе биде дека Република Македонија има капацитет, може и мора да спроведе мирни, фер и демократски избори“, рече Јован Јосифовски, претседател на ДИК.

Фуере и Јосифовски ги посетија двете избирачки места во скопско Бојане, на кои гласањето и денеска не помина без проблеми. Во едното имало прекин од два часа бидејќи 20-годишен жител на селото, Невљун Абдулахи, шофер во Министерството за труд и социјала, се обидел да гласа и за сопругата. Во второто имало прекин од 45 минути оти некој ги расфрлил гласачките ливчиња.

„Околу 7:15 имаше мал инцидент, непознато лице влезе во избирачкото место, ги зема гласачките ливчиња, ги фрла тука на подот и тогаш се прекина два часа изборниот процес“, вели Екрем Мисими, избирачки одбор 2446.

„Утрово имавме еден мал инцидент, во кој го затворивме гласачкото место 45 минути, но сега се решија сите проблеми и си тече гласањето најнормално“, рече Александар Христовски, избирачки одбор 2445.

По расчистувањето на инцидентите, гласањето продолжи вообичаено. Тоа ќе трае и по 19 часот вечерва, за исто толку време колку што траеле и прекините.

Во првата изборна единица се прегласуваше уште и во Радуша и Сарај, на по едно гласачко место. Резултатите од сите четири места во единицата, што според најавите, ДИК ќе ги соопшти доцна вечерва, ќе одлучат која од албанските партии ќе го добие уште еден мандат.

 

Коментари
Додади новоПребарај
Напиши коментар
Име:
Website:
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Security Image
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
 
< Prev   Next >

Македонија

Внимавајте што јадетеВнимавајте што јадете
Дирекцијата за храна која е должна да ја контролира безбедноста на храната, сега ќе ги учи гр...
Повеќе ...
Протерувањето на новинаритеПротерувањето на новинарите
Протерувањето на новинарите беше автогол на грчката Влада, сметаат дел од грчките новинари. ...
Повеќе ...
Битка за иметоБитка за името
Според соопштението на грчкото МНР, за време на средбата со заменик министерот Валинакис, по...
Повеќе ...
Црвена линија околу името?Црвена линија околу името?
„Мора да знаеме сите, и тоа го потенцираме, дека Македонија нема друга иднина освен целосн...
Повеќе ...

Свет

Масакр во ФинскаМасакр во Финска
Во училиште во југозападна Финска убиени се девет лица, а најмалку двајца тешко се ранети, ја...
Повеќе ...
Мафијашка банка во БелгијаМафијашка банка во Белгија
Криминална организација која обезбедувала пари за мафиите од повеќе земји, беше откриена од ...
Повеќе ...
Монструм сече главиМонструм сече глави
Непознат машки глас, кој најверојатно бил на возраст од околу 40 години, во средата попладнето...
Повеќе ...
Русија го лаже светотРусија го лаже светот
Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во интервју за „Франс 24“ ја обвини Русија де...
Повеќе ...
Forum

Живот - Здравје

Полот зависи од роднините!Полот зависи од роднините!
Истражувањето покажа дека мажот од своите родители ја наследува склоноста да има повеќе маш...
Повеќе ...
Медот лекува изгоренициМедот лекува изгореници
Лекувањето на изгореници со мед би овозможило побрзо зараснување во однос на средствата кои...
Повеќе ...
Тиквичката ги чува нервитеТиквичката ги чува нервите
Спектарот на нутриенти кој го содржи тиквичката е прилично импресивен. Тиквичката е одличен...
Повеќе ...
Аналгетиците штитат од рак!Аналгетиците штитат од рак!
Редовната употреба на вообичаените аналгетици, како што се аспиринот и ибупрофенот го намал...
Повеќе ...

Временска прогноза

Ohrid:
0°C
1019mb

calm km/h
Skopje:
-5°C
1023mb

calm km/h
Bitola:
0°C
1019mb

calm km/h
Prilep:
0°C
1019mb

calm km/h
Stip:
-5°C
1023mb

calm km/h
Gevgelia:
4°C
1023mb

calm km/h

Да не е досадно


 

Надворешни содржини

World News
Yahoo! News
Design by Najdi Vreme - Team
© 2009 Najdi Vreme