Елена и Каролина од финалето на српскиот Радиски фестивал, што викендов се одржа во Белград, се враќаат со по неколку награди. Елена доби признание, односно награда за интерпретација на песната "Кревета два", што уште од слушателите на една сараевска радиостаница беше оценета и како најдобра.
А по сумирањето на гласовите од стручното жири, слушателите и радиските уредници во официјалното гласање заедно со Каролина уште се најде и на третата позиција, веднаш зад Гоца Тржан и Ал Дино со "Ко људи" Саша Ковачевиќ со "Бољи човек".
Со уште две награди се закити и Каролина и со тоа уште еднаш ја потврди својата популарност кај нашиот северен сосед. Покрај заедничката позиција со Елена освои и прва награда од жирито, а на пресот после самиот фестивал едногласно српските медиуми ја прогласија за најдобра екс - ју пејачка.
Освоените награди на нашите две претставнички се добра увертира за она што следува од нив. Каролина подготвува нов материјал, а Елена својот албум "192" наскоро ќе го издаде за тамошната Сити рекордс. Својата награда за интерпретација Елена му ја посвети на македонскиот музички ангел, легендарниот Тоше Проески!
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...