17-годишната тетовка Драгана Чуприна, членка на модното студио "Црнокрак", по одличниот успех во соседството на "Мис Балкан 2007" е избрана за Мис на годината на изборот во организација на студијата "Црнокрак" од Скопје и "Шанел" од Битола.
Во конкуренција за оваа престижна титула влегоа победничките на сите избори кои се случија во теков на годинава што изминува, а во организација на двете студија. Изборот на кој победи Драгана се одржа во петокот во дискотеката "Гранд", а неговото суперфинале ќе се случи в петок во Штип.
Освен Драгана со титула си замина и 19-годишната членка на "Шанел", штипјанката Маргарета Зашева, која беше избрана за прва придружничка. Втора придружничка е Мартина Ивковска, 17-годишна скопјанка и членка на "Црнокрак". Титулата мис-фото ја доби Наташа Арсова од Штип, а за мис шарм беа избрани две девојки - Надица Чаушевска од Струмица и Елена Велјановска од Битола. Соработката меѓу двете најдобри модни агенции во Македонија продолжува и в петок, на суперфиналето.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...