Дома Вести Економија Два пати на ден нови цени
|
|
Два пати на ден нови цени |
|
|
Македонските производители на храна велат дека бранот на поскапувања нема да сопре оти од странските фирми кои ги снабдуваат со репроматеријали веќе има најави за нови повисоки цени на суровините по Нова година.
Серијата поскапувања на храната, која почна во септември, не запира. Изминатите три месеци поскапеа речиси сите прехранбени производи во малопродажбата. Некои сега чинат дури двапати поскапо. Вредноста на храната, велат трговците, секојдневно се зголемува, поради што продавачите се принудени постојано да им ја менуваат цената. Најдрастични поскапувања има кај палетата млечни производи. Свежото млеко е поскапено за 20 до 30 насто, а путерот за над 50 насто. Поскапо се продаваат и сирењето, кашкавалот и млечните намази", велат трговците. На некои видови тестенини цената им скокна и до 100 насто. Поскапен е лебот, но и брашното. За 2 денара се качи цената на јајцата, а месото е поскапено за дваесетина денари. За 5 до 10 денари поскапо се продаваат и речиси сите кондиторски производи, како и безалкохолните пијалаци.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|