|
Гувернерот Гошев станал сопственик на земјиште во Гевгелиско, регион познат како македонски Лас Вегас. За само 5.000 евра купил атрактивна локација поголема од 9.000 квадратни метри во близина на граничниот премин Богородица.
упопродажбата е изведена во трансакција што датира од 2005-та, од гевгелиската фирма „3 М“, на која претходно „Македонска банка“ и отпишува долг од 250.000 евра. Гошев земјиштето го купил со партнер за само половина евро по квадратен метар. „Од првите моменти кога почнаа да се продаваат тие, прво беа шест евра за квадрат. Тоа беше пред десетина години и повеќе. После некој продаде за 12 евра, после отидоа и до 20-30 евра“, рече Владо Карастојанов, месна заедница на село Богородица. Во времето на трансакцијата Гошев е гувернер, со „Македонска банка“ раководи двоецот Кацарски и Лазаревски. На нивен предлог управниот одбор на „Македонска“ ја верификува одлуката да и се отпише долгот на гевгелиската фирма, што за бадијала му го продава плацот на Гошев. Лазаревски денес е советник на Гошев, а тогаш на директорското место во „Македонска“ беше поставен токму по предлог на НБРМ. Со малку пари до атрактивна локација. На мал број бизнисмени им се усреќи за евтини цени да добијат дел од ова земјиште. Во групата купувачи е и гувернерот Гошев. За нешто повеќе од 5.000 евра станал сопственик на околу 9.000 квадратни метри земја во овој регион. Гошев денеска не одговори на барањето на А1 да прокоментира за случајот. Зделката со која Гошев стана земјопоседник отвора нови прашања во ликвидациската приказна за „Македонска банка“. По кој основ „Македонска банка“ се откажала од наплата на долгот? Знаел ли гувернерот за тоа? Првиот човек на гевгелиската фирма, Каракабаков, негира дека купопродажбата е поврзана со долгот на „3 М“ или со ликвидацијата на „Македонска банка“.
|