Дома Вести Македонија Внимавајте што јадете
|
|
Внимавајте што јадете |
|
Дирекцијата за храна која е должна да ја контролира безбедноста на храната, сега ќе ги учи граѓаните да ги читаат декларациите на производите и сами да ги препознаваат материите кои се штетни по нивното здравје. Досега инспекторите храната ја проверуваа од око, а само дел ја испитуваа во лаборатории.
„Се врши контрола на прехранбените производи и со визуелен преглед, за констатација на органолептички промени, она што може да се констатира со сетилото за вид, а секако дека се прават и лабораториски испитувања“, изјава Марина Домазетова, директор на дирекција за храна. Од Републичкиот завод за здравствена заштита најавуваат дека за сите материи за кои нема лаборатории во земјава примероците ќе ги праќаат надвор. „Не само за меламин, туку има и за некои други супстанци кои се многу поретки, за коишто во државата може да нема апаратура. Но, тоа не значи дека нема заштита, затоа што предвидени се регионални соработки“, рече Азис Положани, директор на РЗЗЗ. До крајот на годинава сите фирми кои произведуваат храна ќе мора да го воведат ХАСАП системот за производство. Пролонгирање на овој рок нема да има. Од Министерството за здравство со оптимистички најави, дека од 2009. година повеќе нема да се продава храна на пазарите.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|