Отворена поддршка на армиите од Македонија, Албанија и Хрватска за добивање на покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Букурешт, изрази германскиот Бундесвер. Ваква порака добија вчера во Берлин началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Мирослав Стојановски и началниците на ГШ на армиите на Албанија и Хрватска на средбата со првиот човек на Бундесверот, генерал Волфганг Шнајдерхан.
Притоа Шнајдерхан искажа задоволство од она што е до сега постигнато во напорите да се достигне потребниот степен на интероперативност на трите армии со Алијансата и реформите во одбраната кои се до сега спроведени, соопшти денеска ГШ на АРМ.
Истовремено, меѓуармиската соработка во рамките на А3 групата, беше истакната како модел и позитивен пример за темелна и успешна подготовка за достигнување на потребните стандарди на воен план, кои се неопходни за влез во НАТО.
Предвидено е денеска делегацијата на АРМ да ја посети главната команда на Бундесверот за раководење со меѓународни мировни мисии во Потсдам, каде што ќе стане збор за можностите за проширување на соработката на АРМ со германскиот Бундесвер во мисијата ИСАФ во Авганистан.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...