Дома Вести Љиља во долгови
|
|
Љиља во долгови |
|
Целата состојба со долговите на "Фајнел кат. Т. продукција" во стечај е во рацете на надлежните институции и никој нема надлежност да отпише неплатен данок, велат од Владата.
Премиерот Никола Груевски не добил барање од стечајниот управник на "Фајнал кат. Т. продукција" за да и се простат долговите на оваа продукциска куќа. Но во Владата велат дека никој нема надлежност да отпише неплатен данок или други побарувања за неплатени придонеси. "Никој нема ингеренции да прости данок, па дури и премиерот", изјави за "Вест" владиниот портпарол Ивица Боцевски. "Целата оваа состојба со 'Фајнал кат. Т. продукција' е во надлежност на институциите кои се занимаваат со овој случај. Владата повторно апелира името на Тоше Проески и скорешната национална трагедија да не се користи во приватни и бизнис интереси", рече Боцевски. Четири дена по смртта на мегаsвездата, стечајниот управник на "Фајнал кат. Т. продукција", сопственост на менаџерката Љиљана Петровиќ, побарал од Даночната управа да се простат долговите во износ од 11.088.867 денари или околу 180.000 евра. Во барањето стои дека истото писмо стечајниот управник го испратил и до кабинетот на премиерот Никола Груевски и до Основниот суд Скопје 2. Барањето за простување на долгот било поткрепено со фактот што ексклузивецот на продукциската куќа, основана од менаџерката Љиљана Петровиќ, бил прогласен за почесен граѓанин на Македонија. "Поради настанатата состојба со трагично починатиот естраден уметник Тоше Проески (бивш), кој бил ексклузивен претставник на стечајниот должник ДПМ 'Фајнал кат. Т. продукција/ дооел во стечај - Скопје, а притоа имајќи ја предвид Одлуката на Владата на РМ за постхумно прогласување на истиот естраден уметник за 'почесен граѓанин на Република Македонија', барам пријавата за побарување од стечајната маса на ДПМ 'Фајнал кат. Т. продукција' дооел во стечај - Скопје да биде повлечена (преку ДП на РМ - Подрачје Скопје). Наедно очекувам писмено да бидам известен за Вашата одлука. Ваквото барање во целост го поткрепувам со фактот што до денес не е пронајден никаков имот кој би претставувал стечајна маса за расподелување на доверителите. Со надеж дека ова мое барање ќе биде сфатено во духот и почитта кон делото на оваа продукциска куќа и нејзиниот ексклузивен естраден уметник, очекувам да биде прифатено и спроведено за претпоставената заедничка цел", стои во барањето што стечајниот управник Ѓорѓе Костов го доставил до УЈП. Освен УЈП, побарувања од стечајната маса на "Фајнал кат. Т. продукција" имаат и Фондот за пензиско и Фондот за здравствено осигурување. Последната година од живото на Тоше не му било плаќано ниту здравствено ниту пензиско осигурување.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|