|
Министерот за транспорт Јанакиески и покрај обвинувањата од опозицијата и некои невладини организации дека земјиштето зад „Рамстор“ за изградба на ексклузивен хотел го доделиле на блиски луѓе до Премиерот, тврди дека е чист.

„Вчера Јавното обвинителство јавно го изнесе својот став за случајот за земјиштето во центарот на Скопје со намена за хотел, според кое се е кристално јасно, согласно сите законски процедури и норми, кои се применуваат во нашата држава и во развиениот демократски свет“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. И јавниот обвинител Шврговски се јави: „Давајќи панаѓурски без факти, Макрадули да престане да ја замајува јавноста. Во иднина, кога ќе зборува за случајот, прво да ја отвори страницата на Јавното обвинителство. Таму на 25 страници пишува зошто е одбиена нивната претставка. Ви тврдам дека фирмата победник на тендерот има изградено хотел“. На ова Јани Макрадули со повик до Шврговски, аргументите да ги презентираат на тет а тет средба. „Го повикувам господинот Шврговски на ТВ дуел што би го водел Ивица Боцевски во тој хотел. Ме интересира како шест дена пред објавувањето на тендерот фирма што е формирана изградила за четири и пол дена хотел од А категорија“, рече Јани Макрадули, СДСМ. А од министерот Јанакиески уште едно обвинување - кој во Владата на СДСМ преговарал со фирмата „Нет фон“, за да го добие токму земјиштето зад старата железничка станица.
|