|
|
|
Nokia N810 |
|
На Web 2.0 самитот во Сан Франциско на 17.10.2007 Нокиа го престави следбеникот на N800, новиот N810. Овој модел на Нокиа беше сметан за вистинко достигнување на компанијата и вистински погодок за бизнис и за посовремените корисници на мобилни телефони.
 Моделот има пријатен дизајн и метална конструкција во која е сместен 4.13 инчен дисплеј со резолуција 800х400 пиксели. Опремен е со QWERTY тастатура која се појавува со лизгање на телефонот, вграден GPS уред, пребарувач на мапи, TI OMAP 2420, 400Mhz процесор, DDR RAM 128MB, Flash 256MB, 2GB вградена меморија со можност за доградба до 8GB.
Телефонот со навидум одлични спецификации има 2 маани. Има вградено VGA камера (оправдано поради неговата намена) и нема WiMax.
Иако ден на шегата, 1 Април оваа година ќе биде денот кога Нокиа на саемот организиран од CTIA Wireless ќе го промовира подобрувањето на овој модел за кого се шпекулира дека може да го носи името N830 или пак N810 WiMax. За новиот модел се знае дека, ако ништо друго, сигурно ќе го среди вториот проблем од својот предходник, а се надеваме дека ќе има и подобрување на камерата.
Ова парче технологија ќе биде достапно за околу 450-500 долари, што укажува дека цената ќе биде мал проблем споредена со сличната цена на новиот ултра познат iPhone 3G кој се планира да излезе во брзо време.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|