Фондацијата OLPC (One laptop per child) го почна производството на лаптопи наменети за деца во сиромашните земји, познати и како „компјутери од 100 долари“, според првично предвидената цена која сега речиси е двојно зголемена поради растот на цената на деловите.
Производството по многубројните доцнења сега се извршува во погоните на тајванскиот производител на компјутери „Квант“, што се наоѓаат во Кина.
ОЛПЦ нема да произведува, како што првобитно беше планирано, повеќе милиони лаптопи, туку само 100.000 примероци што е недоволно да се оствари поголема заштеда и да се загарантира продажната цена од сто долари.
Само масовното производство, кое што ќе биде тешко да се оствари бидејќи конкурентите како што е американскиот „Интел“ исто така почнаа со производство на компјутери наменети за децата во сиромашните земји, би можело да придонесе намалување на цените на лаптопите кои сега изнесуваат 188 долари.
Засега само Уругвај ја потврди својата порачка на евтините лаптопи.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...