Третата верзија на популарнот броузер на Mozillа го сруши светскот рекорд во бројот на симнувања во еден ден. Ова е потврдено и од организацијата на Гинесовата книга на рекорди.
Од 18:16 часот на 17 јуни до 18:16 часот на 18 јуни 2008 година, Firefox 3 го симнале 8.002.530 луѓе.
Ова е голем успех и признание за Firefox и за целата заедница љубители на нејзиниот пребарувач.
Од првата верзија Firefox од 2004 година, Mozilla се ослонува на заедницата која овој пребарувач го промовираше на различни начини, банери на многу интернет страници, налепници, видео клипови и блогови.
Од Mozillа истакнуваат дека се многу благодарни на заедницата поради која Firefox денес го користат повеќе од 180 милиони луѓе во 230 земји ширум светот.
Ако сте љубител и корисник на Firefox сепак не избрзувајте со инсталирање на третата верзија. Препорачливо е да почекате месец-два, за да се одстранат сите почетни недостатоци на пребарувачот.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...