|
Дома
|
|
Цвет во уво и USB прстен |
|
Во светот владеат два нови тренда. Едниот е производството на технологија за жени, додека вториот е ставање на Swarovski кристали во се. Како продолжение на сето тоа ви ги претставуваме новите слушалки за жени.
Слушалките MHP 206 од производителот Altec Lansing, се украсени со жолт цвет, додека механизмот кој ги спојува двете жички е претставен како пеперутка.
Иако се вака украсени сепак вадат квалитетен звук, а посебниот дизајн го смалува нивото на пасивна бука.
Цената кај производителот изнесува 60 долари, додека на Amazon, ги има на снижување и чинат помалку од 28 долари. Освен такви слусалки постои и прстен, кој не е само прстен кој ќе го носите на прстот, туку во него можете да носите и важни податоци, бидејќи тоа му е работата на еден USB стик.
Различно од било кој USB стик е тоа што капачето на овој е направен од Swarovski кристали.
Уште на прв поглед станува јасно колку ова е непрактично и непријатно, но сепак љубовта не познава ни граници, ни вкусови, па така ни онаа која ќе се роди во виртуелниот свет.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|