Во Кина се објавени снимки од Месечината кои неодамна ги направи првиот кинески апарат за истражување на природниот сателит „Чанге-1“. „Успехот на мисијата на орбиталниот апарат на Месечината отвори нова страница во кинеското истражувачко вселенско пространство“, изјави денеска премиерот на Кина Вен Жибао по повод објавување на снимката.
Според него „Кина веќе влегла во редот на светските држави кои се во состојба да ја изучуваат вселената, а лансирањето на апаратот кон Месечината е една од клучните етапи во тој потфат“.
„Чанге-1“ е лансиран на 24 октомври со помош на ракетниот носач „Голем поход-3а“ од космодромот Сичан на југоисток на Кина, а е исфрлен во орбитата на Месечината на седми ноември.
Според сегашниот план, мисијата на првиот кинески сателит на Месечината ќе трае година дена. Тој има задача да собере податоци за Месечината врз основа на која ќе биде направена картата на површината на природниот сателит на Земјата.
Следен чекор во истражувањето на Месечината, во 2012 година, ќе биде праќање на робот за да земе примероци од тлото, а во наредните години и реализација на лет на кинески космонаут и изградба на сопствена орбитална станица.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...