Јапонскиот производител на електроника „Сони“ ќе пушти кон крајот на ноември во Јапонија нова верзија на конзолата за видеоигри ПлејСтејшн 2 (PlayStation 2), која е полесна од претходната, соопшти компанијата.
Продажбата на новата конзола ќе започне на 22 ноември, точно пред предбожиќното заживување во трговијата и ќе чини 16.000 јени (околу 100 евра).
Конзолата ќе ги има функциите на сегашната ПлејСтејшн2, но со целосна обновена внатрешна архитектура, која дозволува да се намали тежината.
ПлејСтејшн 2 е најпродаваната конзола за видеоигри в историјата. Следната од серијата ПлејСтејшн 3 тешко се наметнува кај играчите, покрај конкуренцијата од Wii на Нинтендо.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...