Дома Технологии Новитети Можен судар на Марс
|
|
Можен судар на Марс |
|
|
Евентуалниот судар на Марс со голем астероид, што според предвидувањата на американските експерти треба да се случи во јануари 2008 година, нема да има влијание на Земјата, оценува соработникот во Главната астрономска опсерваторија на Русија, Сергеј Смирнов.
„Нашата планета не е во опасност, но некои сакаат се да биде завиткано со мистерија. Таква можност во нашата опсерваторија не е откриена“, наведе Смирнов. Американските експерти предвидуваат на 30 јануари в година да дојде до судир меѓу астероид, што се движи со брзина околу 12,8 километри во секунда со Марс. Евентуалниот судар на астероидот со Црвената планета нема да може да се следи со голо око туку само со силни телескопи. „Во следните 20 до 30 години не се очекува приближување на Земјата со потенцијално опасни објекти. Исто така идната година се очекуваат околу 40 приближувања на небеските тела до Земјата. За приближување се сметаат и таквите растојанија од пет милиони километри, односно 12 пати подалеку од Месечината. Таквите приближувања не се опасни“, потенцира Смирнов. Се предвидува дека во 2028 година на Земјата ќе и се приближи голем астероид. Проучувајќи ја промената на неговата орбита астронаутите оценуваат дека до можен судир би дошло во 2035 година. Пречникот на астероидот од 2028 година е околу еден километар. Судирот на тој астероид со Земјата би предизвикал катастрофа.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|