|
Дома
|
|
Новата Honda Jazz |
|
Во Јапонија на 26 Октомври ќе почне продажбата на новата Honda Jazz (Fit во Јапонија). Во Европа се очекува напролет, а плени со внатрешниот простор, кој според Honda е на ниво на возилата од средната класа!
Ќе биде придвижуван од два бензински мотори со i-VTEC технологија од 1,3 и 1,5 литри. Малолитрен дизелаш Honda во својата понуда нема во моментов, а не се ни споменува негово додавање во гамата. Тоа ќе биде голем минус за Европскиот пазар. Шасијата е преработка на старата, но подобрено е пред се лежењето во свиоците, како и комфорот на патниците. Внатрешноста може удобно да смести пет возрасни лица, а има и многу места за чување на ситници како што се и 10 држачи за чаши! Дизајнот е допадлив пред се за младата популација, со остри линии налик на другите модели од марката. Успехот ќе се бара најмногу и во овој дел, кој ќе биде и најголем адут на новиот Jazz.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|