Дваесет и осумгодишниот Чез Бар од Лондон се откажа од својата работа како ИТ специјалист за да ја продава оваа западно африканска бобинка на својот веб-сајтот www.miraclefruit.co.uk.
Во изминатите осум месеци продажбата драстично порасна. Од само една до две нарачки месечно до неколку илјади неделно.
Бар вели дека поголем дел од неговите муштерии се студенти кои постојано се во потрага по интересен начин за забавување на вечерните седенки. Бар продава исушени-смрзнати гранули и семиња од ова овошје, кои не само што не расте во Британија, туку има и краток рок на траење.
„Земете во прсти повеќе гранули и ставете ги на јазикот и тријте ги неколку минути , така што ќе ја покриете целата површина на јазикот. Потоа сте спремни за тестирање. Ви советувам да пробате се што ви се наоѓа во фриждерот“, вели Чез Бар. Бобинката чие латинско име е „Synsepalum dulcificum“, содржи протеин кој делува на рецепторите за вкус, кои привремено се што е кисело и горчливо го прави да изгледа послатко.
Адам Морис, кој го има пробано волшебното овошје вели дека е воодушевен од него, особено кога го јаде во овошна салата, која со него добива чудно-интересен вкус, полн со контрасти.
И додека бобинките ја прават храната послатка и повкусна, доколку се додадат во зрело пиво или вино, го прават пијалакот помалку питок. Производите кои веќе се благи, на пример ананасот стануват претешки за јадење.
Бобинките, наводно стануваат се популарни и кај пациентите со рак, на кои им помагаат да го прикријат металниот вкус во устата кој е последица на хемотерапијата. Овошјето, кои за првпат западните пронаоѓачи го откриле во 1725 година би можело да се користи и како алтернатива на шеќер, за лицата кои се на диета или пак страдаат од дијабетес.
Овошјето само по себе не е благо, а неговиот ефект зависи од тоа што после него се јаде.