Прво треба да ја измерите соодветната големина. Многу жени се уште не знаат дека градниците се разликуваат според опсегот на грбот и сопред големината на корпите. Така, според опсегот на грбот, големините се движат од 75 до 105, а според големината на корпите мерките се означени со букви А, Б, Ц, Д, а на некои модели може да се најде и Е и Ф корпа, кои се наменети за особено големи гради.
Бидејќи секоја жена различно е градена, градниците се прилагодени на тие големини. Жените кои имаат големи гради (им треба на пример Д корпа), а имаат мал опсег на грбот потребна им е 75, односно 75Д. Следно на што треба да обрнете внимание при купување на градници е чувството кога ќе го облечете. Кога ќе ја изберете големината, убаво размислите за која прилика го купувате градникот и на каква облека ќе се носи. Така, од најобичните градници без жица, или со жица, постојат разни врсти на обложени градници, изработени од најразличен материјал, со разни типови на перничиња, потоа тука се push-up градниците, кои дополнително ги зголемуваат градниците, како и најновите градници полнети со силикон.
Освен тоа, градниците се разликуваат и според прерамките. Така, во текот на летото особено популарни се градниците без или со проѕирни прерамки, кои не се забележуваат под оскудната облека. Во зимскиот период, тоа воопшто не е важно.  Доколку корпите се поголеми од Б, изберете градник со меки корпи и жица, кои доволно добро ги држат градите, а им даваат природен изглед.
Но, околу градниците со жица веќе подолго време се водат дебати. Некои истражувања потврдуваат дека таквите градници може да предизвикаат создавање на цисти, кои подоцна може да прераснат во тумори. Но, исто така е докажано дека таквите последици се можни само доколку градникот не стои како што треба. И уште неколку основни правила: дефинирајте ги градите со тврди корпи, истакнете ги со полукорпи, а доколку сакате поголеми гради изберете градник со поставени корпи.
|