|
Време е за машка депилација |
|
Ќе признаете дека очите едноставно не можат да не го забележат мазното и добро дефинирано тело. Без разлика што порано единствени мажи кои се депилираа беа спортистите, бидејќи природата на тренинзите тоа и го бараше, денеска во мода се мажите без влакна.
Вкусовите се различни, се разбира, но што велите кога на плажа ќе видете маж како се сонча, а влакната под неговата пазува ќе се разделат во две жбуна? Не делува привлечно! Или да речеме момче во костим за капење, кому долгите влакна му виреат од костимот. Дефинитивно не изгледа убаво.
Многу девојки сакаат мажи кои водат сметка за својата хигиена, па дури и кои прибегнуваат кон овие козметички зафати, па често се случува жените дури и да им даваат совети на мажите за депилација. Од друга страна, некои дами сметаат дека момчето без влакна изгледа феминизирано, па од нив бегаат како мува без глава, што секако не е точно, барем за повеќето случаи. И додека мислењата се поделени, каде и да се свртите може да видите мажи без ниту едно влакно на себе. (Ова не се однесува за ќелави мажи) :-)
|