|
Л.Лохан имала секс во тоалет |
|
Не поминува ни недела дена, а во медиумите да не се појави нова сексуална афера во која е вплеткана Линдзи Лохан. Најново е дека синот на Боби Браун, Брендон и актерката имале жежок секс во тоалет, пред две години. Наводно Лохан, која во последно време ја поврзуваат со ди-џејката Саманта Ронсон, не можела да му оддолее на шармот на посинокот на Витни Хјустон.
"Јас и Линдзи бевме навистина блиски. Таа ме следеше до бањата на една приватна забава и, во основа, ние завршивме заедно. Мислам дека знаеше кој сум уште кога ме виде првиот пат. Едноставно зјапавме еден во друг, а потоа таа помина покрај мене. Отидов во бањата, а Линдзи дојде веднаш по мене", им открил Брендон на новинарите. За жал, врската не траела долго. Но, Брендон се надева дека тие двајца наскоро повторно ќе бидат заедно, па затоа постојано се обидува да стапи во контакт со Линдзи.
|