Дома Вести Забрана и за Црвенковски
|
|
Забрана и за Црвенковски |
|
На повидок е ново заострување на односите на релација Атина - Скопје откако грчките власти му забранија на претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, авионски да отпатува за Атина.
Грчките власти преку Канцеларијата за врски во Скопје ја известиле македонската страна дека не се согласни Црвенковски во Атина да патува со владиниот авион на кој пишува Република Македонија и попатно понудиле други алтернативни начини за пристигнување на Црвенковски на самитот во Атина, каде што беше поканет од грчкиот претседател Каролос Папуљас и од генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Мацура. Претседателот Бранко Црвенковски го откажа учеството на самитот на шефови на држави во Југоисточна Европа што ќе се одржи на 13 јуни во Атина, соопшти вчера Кабинетот на претседателот на државата. Според претседателот Црвенковски, како што стои во соопштението, ваквата постапка е спротивна на меѓународните норми и принципи и не придонесува во развојот на добрососедските односи и на заложбите за споделување на заеднички европски демократски вредности. Од Кабинетот соопштуваат дека одлуката да му се оневозможи на Црвенковски да патува во Атина била проследена преку Канцеларијата за врски на Грција во Скопје од каде што биле понудени „други начини“ за патување на претседателот. Боцевски во овој контекст уште додаде дека „согласно со сите конвенции на ОН, на Советот на Европа и на ЕУ и на сите глобални, морални и филозофски норми поврзани со правата на сопствениот идентитет, неговото изразување, никој не може да му спори на еден народ да се нарекува како што сака и така да ги нарекува својот јазик и култура“.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 8°C 1030mb |  11 km/h |
| | Skopje: |  | 8°C 1031mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 8°C 1030mb |  11 km/h |
| | Prilep: |  | 8°C 1030mb |  11 km/h |
| | Stip: |  | 8°C 1031mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 12°C 1029mb |  10 km/h |
|
|