Дома Вести Загрижувачко гласање
|
|
Загрижувачко гласање |
|
Изборите процедурално беа добро спроведени, но клучните меѓународни стандарди не се исполнети поради насилството што се случуваше во деловите каде предоминантно живеат етнички Албанци, вака набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права, ОБСЕ/ОДИХР го оцени изборниот процес на овие први предвремени парламентарни избори во Македонија.
Раководителот на набљудувачката мисија, Роберт Бери повика онаму каде имаше неправилности, изборите да се повторат. Според него, начинот на кој во минатото земјава се справуваше со инцидентите, како и третманот на лицата кои беа осомничени за учество во нив е причина за ваквата атмосфера. Конечниот извештај, вели Бери, многу ќе зависи од тоа како ќе помине прегласувањето. - Очекувањата за напредок не се реализираа поради фактот што не се спречи насилството меѓу Албанците. Насилството кое беше забележано во областите каде живеат етнички Албанци е неприфатливо кршење на мирот и демократските права на луѓето, изјави Пиа Крисмас Молер, потпретседател на парламентарното собрание на ОБСЕ. Конечната оценка, додаде таа, ќе зависи од начинот на кој властите ќе се справат со учесниците во инцидентите и насилството. И Мевљут Чавашоглу, шеф на делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, истакна дека технички изборите беа добро организирани во поголемиот дел од земјата, при што укажа "многу е жалосно што дел од избирачкото тело беше лишен од правото да ја изрази својата волја на овие избори заради неодговорните, насилни и деструктивни дејствија на активистите на двете најголеми албански партии, ваквите дејствија не придонесуваат кон демократскиот процес и интеграцијата на земјата во евроатлантските структури". Според него потребно е подобрување на дијалогот меѓу Албанците, тие треба да научат да прифатат и пораз во фер борба. Да бидам искрен загрижен сум од она што го видов на изборите, но мислам дека ќе се научи лекцијата, и сите ќе работат за развој на демократијата, изјави Чавашоглу.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Skopje: |  | 22°C 1030mb |  16 km/h |
| | Bitola: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Prilep: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Stip: |  | 22°C 1030mb |  16 km/h |
| | Gevgelia: |  | 23°C 1029mb |  13 km/h |
|
|