Политичката генерација што ја создаде ДПА е многу подобра од таа на ДУИ, зошто нашата генерација произлегува од албанската школа, а не од белградската или од скопската. Школата на нашата генерација се вика Арбен Џафери.
Вака на жителите на тетовско Порој, синоќа им се обрати претседателот на ДПА Мендух Тачи. „Имам еден апел пред младата генерација: перспективата е со ДПА. Ние што сме повозрасни не гласаме за нас, гласаме и за младата генерација. Вашиот глас значи ориентација кон западот и кон САД. Нам не ни пречат другите, ние сакаме заедно со нив да одиме кон западот“, изјави Мендух Тачи, претседател на ДПА. Тачи апелираше до младата генерација да ја поддржи ДПА зашто со тоа ги поддржуваат вредностите на западот. „Кажете им на оние што се со ДУИ дека и тие се Албанци исто како и ние, да не се лажат бидејќи другите им нудат лични добра, а ние нудиме општо добро. Таа благосостојба сама по себе го носи личното добро“, рече Тачи. На митингот во Порој беа претставени и нивните кандидати за шестата ИЕ.
|