|
Дали нешто ѕирка под сукњата? |
|
Според многумина најсексипилната глумица на светот Шерон Стоун (49), доаѓајќи со глисер во Кан, повторно го покажала нејзиното добро познато меѓуножје, на кое се темели нејзината најголема популарност. Мајка на три посвоени деца, според мислењето на многумина, покрај возрасните години изгледа подобро од било кога. Шерон зад себе има два брака и тоа со Фил Бронстин и продуцентот Мајкл Гринбург.
Стоун на фестивалот во Кан го промовирала својот нов филм "No Subtitles Necessary: Laszlo and Vilmos" во кој глуми со Сандра Булок и таткото на Анџелина Џоли - Џон Војт. Освен премиерата на филмот, Шерон дошла во Кан за да организира хуманитарна забава од која ќе собере пари за донација во организацијата за против Сидата - АМФАР.
|