|
Тунелот Дебар-Маврово урнат |
|
Тунелот што се наоѓа на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај селото Скудриње, од денеска нема да постои. Тунелот денеска ќе биде миниран и урнат, поради што ќе биде затворен патот од Дебар кон Маврово до 20 часот.
Според некои статистички податоци, овој тунел е најмалиот на европскиот континент. Деновиве забрзано се работи на реконструкција и проширување на делницата Бошков Мост - Дебар, во должина од дваесетина километри. Досегашната широчина на патот од пет се зголемува на шест метри, а на одделни места, за да се ублажат честите и остри кривини, патот ќе биде широк и до девет метри. Работите треба да завршат до август годинава.
|