|
Дома
|
|
Од МАТ на свадба кај Џорџ Буш |
|
Живко Груевски, еден од сопствениците на МАТ и неговата сопруга се единствени Македонци, кои беа поканети на свадбата на Џена Буш ќерката на американскиот претседател Џорџ Буш. Џена Буш ќерката на американскиот претседател Џорџ Буш во саботата без погледи на непознати луѓе, се омажи за нејзиниот долгогодишен дечко Хенри Хејгер. На свадбата на која присуствуваа над 200 членови на семејството и пријатели бил поканет само еден брачен пар од Македонија - семејството Груевски.
Познатиот бизнисмен и еден од сопствениците на авиокомпанијата МАТ, на свадбата бил со неговата сопруга лично на покана на Џон и Меги Хајгер, родителите на новопечениот зет на Буш. Џон Хајгер важи за угледен и моќен човек во САД и еден од главните спонзори на Републиканската партија на Буш како и организатор на молитвениот појадок на Американците кој се одржува традиционално секоја година и на кој присуствуваат видни луѓе од политичкиот и јавниот живот. Џена Буш, (26) со Хенри Хејгер се запозна во текот на реизборната кампања на Буш во 2004. Според Џена, таа и нејзиниот избраник не сакале гламурозна свадба во Белата куќа, туку се решиле за мирна церемонија без медиумско присуство, во градината на семејниот имот во Крофорд. Барбара, сестрата близначка на Џена, беше старосватица, а во нејзината свита беа уште 14 жени. Фустанот на Џена беше од Оскар де ла Рента, врвен њујоршки дизајнер омилен кај првата дама. За вечерата и танцот по свадбата беше подигнат шатор на ранчот од 647 хектари. Церемонијата почна околу половина час пред зајдисонце. Двојката застана на крст, направен од тексашки варовник со беж боја, подигнат покрај вештачкото езеро на ранчот. Пречесниот Кирбиџон Колдвел од Обединетата методистичка црква на Виндзор Вилиџ во Хјустон ја водеше церемонијата. Младенците ќе одат на меден месец во Европа.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 21°C 1030mb |  11 km/h |
| | Skopje: |  | 22°C 1030mb |  16 km/h |
| | Bitola: |  | 21°C 1030mb |  11 km/h |
| | Prilep: |  | 21°C 1030mb |  11 km/h |
| | Stip: |  | 22°C 1030mb |  16 km/h |
| | Gevgelia: |  | 23°C 1029mb |  13 km/h |
|
|