Дома Живот Здравје Помфритот сепак е штетен
|
|
Помфритот сепак е штетен |
|
Консумирањето на акриламиди, хемиски спој присутен во помфритот, грицките и кафето, може да го зголеми ризикот од рак на бубрези, тврдат холандските научници. Истражувачите од универзитетот во Маастрихт напоменуваат дека овој ризик е посебно изразен кај пушачите. Акриламидот се наоѓа “под лупа“ уште од 1994 година, кога е класифициран како веројатен човечки карциноген.
Досега се веруваше дека е клучна изложеноста на акриламид од средината, како на пример преку чадот од цигарите или козметиката. Меѓутоа, во 2002 година шведските научници откриле присутност на акриламидот во храна богата со јагленохидрати, што се подготвува на високи температури. Натамошните истражувања за влијанието на акриламидот за ризик за развој на рак имаа мешани резултати. Во новата, 13 годишна студија учествувале повеќе од 120 илјади испитаници на возраст од 55 до 69 години. Притоа се покажало дека луѓето кои дневно внесувале 40 микрограмови акриламиди (количество присутно во околу 150 грама помфрит) имаат за дури 59 проценти поголем ризик да заболат од рак на бубрезите отколку испитаниците кои консумирале минимално количество акриламид. На секои 10 микрограмови акриламид ризикот за рак на бубрези се зголемувал за 10 отсто. За повеќето испитаници, еден од главните извори на акриламид бил кафето. Истражувачите веруваат дека објаснувањето на овие резултати лежи во способноста на метаболитите што се создаваат при разлагањето на акриламидот во организмот да предизвикаат оштетување на ДНК. Стручњаците препорачуваат ограничување на консумацијата на продуктите што содржат акриламид, како и подготовка на храната како што се компирите, тостот и колачите на температура пониска од 175 степени Целзиусови.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Skopje: |  | 22°C 1030mb |  16 km/h |
| | Bitola: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Prilep: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Stip: |  | 22°C 1030mb |  16 km/h |
| | Gevgelia: |  | 23°C 1029mb |  13 km/h |
|
|