Познатиот бренд на смарт мобилни телефони - HTC го престави новиот лидер во својата гама, моделот - Touch Diamond. Со оглед на неговите спецификации, HTC со овој модел дефинитивно ќе му зададе удар на iPhone.
Со иста големина и екран, главни предности на Touch Diamond во споредба со iPhone се: новиот TouchFLO 3D интерфејс, подршката за 3G, и камерата од 3,2 мп со аутофокус. Останатите можности кај двата телефони се исти, освен што Diamond нема вградено акселерометар кој го врти екранот кога го вртите телефонот, и има 4гб вградена меморија (iPhone нуди 8гб и 16гб). И овој модел на HTC како и претходните е базиран на Windows Mobile, сега со верзијата 6.1, а главна карактеристика кај овој модел е скоро целосното прекрување на Windows-от со практичниот TouchFLO 3D интерфејс. Уште една отстранета мана во однос на минатите модели кај HTC, е подобрената автономија кај батеријата. Touch Diamond се очекува на пазарот во јуни, а цената сеуште не е позната.
|