|
Megan Fox - "Transformers" |
|
Магазинот FHM ја објави годишната листа на 100 најсекси жени. По 9 милиони гласови, најсекси девојка на светот е ѕвездата на филмот "Transformers", 21 годишната глумица Megan Fox. Таа остави зад себе убавици од типот на Angelina Jolie (12 место), Rihanna (14 место), Kim Kardashian (17 место) и минатогодишната победничка Jessica Alba (3 место).
Fox дебитираше на FHM годишните листи во 2006 година на 68 место, следната 2007 се најде на 65 место, за на годинешново 14-то по ред годишно гласање убедливо да ја освои првата позиција.

|