Дома Вести САД не може да даваат наредби
|
|
САД не може да даваат наредби |
|
Во Букурешт една пречка е помината, но претстои долг пат, изјави грчкиот претседател Каролос Папулјас, оценувајќи го самитот како „успех и нов почеток“. За шефицата на дипломатијата Бакојани, колку побрзо ќе продолжат преговорите, толку е подобро за да се смират чувствата кај „соседниот народ“ по грчкото вето за зачленувањето на земјата во НАТО.
САД можат да понудат сугестии или да извршат притисок, но не можат да даваат наредби - вели Бакојани. Како можност за американски притисок во Грција се толкува и посетата на заменик-државниот секретар на САД Метју Бриза, кој ќе учествува на традиционалната бизнис-конференција што во Атина ја организира весникот „Економист“. Според грчки извори, САД имаат сериозни намери прашањето за името да се затвори што побрзо, па се шпекулира дека ќе има консултации помеѓу високиот претставник на Стејт департментот Даниел Фрид и посредникот во спорот Метју Нимиц. Фрид синоќа телефонски разговарал со Бакојани.Грција, како што објавуваат медиумите, е вознемирена и од можниот американски притисок. Не се исклучува Вашингтон да стане многу покритичен во однос на Атина особено во врска со прашањето за правата на малцинствата во Грција, а може и да ја притисне Атина и за признавање на Косово, кое грчките власти досега упорно се обидуваат да го избегнат.За лидерот на грчката опозиција Јоргос Папандреу, „дипломатската битка“ за името се' уште не е решена. Тој побарал од Владата цврсто да стои на „националната црвена линија“. Папандреу изјавил дека неговата партија ја „одиграла својата улога како главна опозициска партија со одговорност кон институциите“ и повторил дека останува на својот предлог да ја посети Македонија и да разговара со раководството на државата.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 9°C 1031mb |  13 km/h |
| | Skopje: |  | 8°C 1031mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 9°C 1031mb |  13 km/h |
| | Prilep: |  | 9°C 1031mb |  13 km/h |
| | Stip: |  | 8°C 1031mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 14°C 1029mb |  10 km/h |
|
|