Патриотската песна на Јонче Христовски "Едно име имаме", во интерпретација на поп-sвездата Калиопи е најсимнувана мп-3 песна последниве месеци. Освен граѓаните од Македонија, песната постојано ја симнуваат од Интернет страниците и македонските иселеници.
"Секогаш настојувам да го одбранам името на Македонија и идентитетот на македонскиот народ низ она во што сум најмоќна, а тоа е мојата уметност и, пред се, доброто познавање на моите корени", вели Калиопи кој песната ја изведе на годинешното издание на манифестацијата "Златна бубамара на популарноста" во Универзална сала. По повод новото цеде "Желим ти речи", во издание на хрватската издавачка куќа "Аквариус рекордс" поп- пејачката снимаше нова фотосесија чии ексклузивни фотографии ги објавува "Вест". Калиопи се подготвува и за три концерти со "Индекси и пријателите", во Љубљана, Ријека и Сараево. До крајот на годинава таа треба да го заврши и заедничкото цеде со познатиот светски лаутист, Един Карамазов. Таа за Католичкиот Велигден, била во Загреб, на гости кај легендарната хрватска пејачка Тереза Кесовија, за која вели дека ќе се залага годинава да се најде на репертоарот на Охридско лето во Античкиот театар.
|