Ветото за Република Македонија од страна на Грција го одобруваат мнозинството грчки граѓани, покажуваат најновите истражувања кај јужниот сосед. Во весникот „Катимерини“ резултатите од социолошкото истражување велат дека повеќето Грци или поточно дури 95% ја прифаќаат одлуката на премиерот Костас Караманлис за блокирање на членството на Македонија во Алијансата на самитот во Букурешт.
Во другите испитувања на јавното мислење исто така со огромно мнозинство се оценува како правилна одлуката на грчката Влада, а 96% се задоволни од грчкото спротивставување на американската политика и ставањето ветото.
Грчкото вето се оценува како голем успех на грчката дипломатија и на владејачката Нова демократија, чиј рејтинг по самитот во Букурешт, според испитувањата, пораснал.
Истиот весник го цитира заменик министерот за надворешни работи на Русија, Владимир Титов, кој изјави дека Русија е за компромисна формула за името на Македонија.
Русија настојува Атина и Скопје со посредство на Обединетите Нации да изработат компромисна формула. Москва ги повикува учесниците во дијалогот да покажат максимален степен на конструктивно однесување.
Грчката телевизија Антена јави дека премиерот Караманлис веќе подготвува стратегија за идните преговори со Македонија околу разликите за името.
Утре за таа цел ќе се состане грчкиот државен врв. Караманлис ќе го информира шефот на државата за развојот на настаните по средбата на врвот на Алијансата.
Reuters - Government forces fought Tutsi rebels
on Thursday in the fiercest clashes for months in eastern
Congo, threatening a struggling peace process, the...
AP - An Argentine court convicted two former generals on Thursday for the murder of a senator during the country's seven-year military dictatorship and...