Најнови клипчиња

Online Chat

Логирај се

Реклами

Igri
Moto Struga
Slikicki

Гласајте за нас

Гласајте за Најди Време

Рандом галерија

Да се насмееме

Дошла плавуша во продавница за бела техника и вика:
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Утредента плавушата ја офарбала косата црна и пак отишла во продавницата.
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
Доаѓа палвушата повторно утредента целосно маскирана во бринета (црна) и вика
- Би сакала да го купам оној телевизор?
- Жал ми е госпоѓице, ама не услужуваме плавуши!- и рекол продавачот.
- Е добро де, како ме препознавте дека сум плавуша!?
- Епа тоа не е телевизор, туку микробранова печка!
 
Зошто Кинг-Конг сака плавуши?

- Затоа што е мајмун!
 
Која е разликата меѓу паметна плавуша и Јети?
- Можеби некој ќе го најде Јети!
 
Што имаат заедничко плавуши и девици?
- Ништо
 
 Зошто е добро да имаш плавуша за совозач?

 - Можеш да паркираш на местото за инвалиди!
 

Да сме заедно

 
 

Поважни телефони

Поважни телефони:
Полиција : 192
Брза помош : 194
Пожарна : 193
АМСМ : 196
Автобуска Охрид : 260-339
Аеродром Охрид: 252-820
НУ Центар за култура : 261-063
ФТУ - Охрид : 262-147
Охридско лето : 261-304
Doktor Host
Дома arrow Вести arrow Направена е трансплантацијата
Направена е трансплантацијата Print

Image Малиот Леон се врати од Брисел, каде во болницата „Сент Лук“ му беше извршена трансплантација на црниот дроб. Операцијата, која траеше 9 часа, во ноември минатата година ја изведе тим од лекари на чело со познатиот д-р Рајмонд Рединг и двајца македонски хирурзи. Во болницата во Брисел остана цели четири месеца. Три и полгодишниот Леон сега има нов живот. Не пречека пред својот дом во скопско Марино, заедно со сестричката Симона, возбуден што се повторно заедно. Неговата мајка Анета му подари дел од нејзиниот црн дроб. Оваа млада жена со солзи во очите раскажува за деновите поминати по болниците, честите трансфузии на крв, болките, крварењата, кои се веќе минато.

„Секоја недела бевме на клиника, имаше потреба од трансфузија на крв. Таму го помина детството. Доволно ми е само да се потсетам што сме поминале и тој и ние“, изјави Анета Стојановска, мајка на Леон.

Надежта дошла од Клиниката за детска хирургија, каде им предложиле трансплантација. Операцијата чинела 100.000 евра.

За рекорден еден месец биле собрани 18.000 евра или 20% од партиципацијата. Останатите средства ги обезбеди Фондот за здравство.

„Луѓето, без разлика дали се Македонци, Албанци, ние сите сме луѓе. Пуштавме флаери преку колегите по продавници не само во Скопје, туку и во други градови“, рече Здравко Стојановски, татко на Леон.

Анета вели дека веднаш по трансплантацијата била очигледна промената кај Леон.

„Ликот дефинитивно, обеле целото, однесувањето се смени, почна да се дружи, почна да се дели од нас, самостоен почнува да станува“, вели Стојановска.

Уште дваесетина деца во Македонија имаат потреба од трансплантација на црн дроб. Возрасни околу 600, но бројот постојано се зголемува, вели д-р Владимир Чадиковски од Клиниката за детска хирургија.

Доколку не им се изврши трансплантација, осудени се бавно да умираат. Леон имаше среќа. Неговата операција го означи стартот на проектот со кој Македонија од 1 мај станува акредитиран регионален центар за трансплантација на црн дроб.

„Оваа година 17 доктори од Македонија од различни профили ќе одат на едукација во Брисел, во „Сент Лук“, а другата година, ако се оди по планот како што оди досега, би требало наредната година ова време веќе да ја направиме првата трансплантација во Скопје“, изјави асс. д-р Владимир Чадиковски, координатор на проектот за трансплантација на црн дроб.

Цената на операцијата ќе биде драстично пониска од земјите во ЕУ и ќе чини околу 40.000 евра. Македонските осигуреници нема да плаќаат, операцијата ќе ја покрива Фондот.

На Клиниката за детска хирургија на големо се подготвуваат за проектот. Веќе се подготвува оддел за интензивна нега, каде што ќе бидат лекувани овие деца.

Тимот од лекари работи ентузијастички. Планираат 10 до 12 трансплантации годишно. По овој крупен чекор во македонското здравство, следниот е подигање на свеста на граѓаните за донирање на органи, вели човекот од кого тргна целата оваа работа.

„Да се подигне таа свест дека вие со давање на тие органи спасувате четири живота. Мислам дека тука ќе биде главната борба, тука ќе треба главната енергија да се насочи“, рече Чадиковски.

„Кога донирав за Леон, јас мислев дека повторно го родив“, додаде Анета Стојановска.

Засега се планираат трансплантации само од живи донатори, а во иднина доколку се подигне свеста на граѓаните, ќе се прават и кадаверични трансплантации од починати.

Според проценките, Македонија треба да има 40 доброволни донатори годишно, за да се спасат сите оние на кои им е неопходна помош.

Коментари
Додади новоПребарај
Напиши коментар
Име:
Website:
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Security Image
Please input the anti-spam code that you can read in the image.
 
< Prev   Next >

Македонија

Тинејџерка скокала под автобусТинејџерка скокала под автобус
16-годишна девојка од Прилеп една година се обидува да се самоубие, скокајќи под автобусот од ...
Повеќе ...
Пукање во „Ченто“Пукање во „Ченто“
Tатко и син доцна попладнето се повредени од огнено оружје во скопската населба Ченто. Детск...
Повеќе ...
Републиканците не не сакаатРепубликанците не не сакаат
Спорот за името и уставното име на Македонија не се споменати во изборната програма на амери...
Повеќе ...
30% поевтино осигурување30% поевтино осигурување
Цената на задолжителното осигурување за возила ќе се намали за околу 30 проценти, а одлуката ...
Повеќе ...

Свет

Монструм сече главиМонструм сече глави
Непознат машки глас, кој најверојатно бил на возраст од околу 40 години, во средата попладнето...
Повеќе ...
Русија го лаже светотРусија го лаже светот
Грузискиот претседател Михаил Саакашвили во интервју за „Франс 24“ ја обвини Русија де...
Повеќе ...
Антиракетарен штитАнтиракетарен штит
Полска и Соединетите Американски Држави денеска во Варшава потпишаа договор за поставување ...
Повеќе ...
Авионска несреќа во МадридАвионска несреќа во Мадрид
Најмалку 140 луѓе загинаа во катастрофалната авонска несреќа што денска се случила на аеродро...
Повеќе ...
Forum

Живот - Здравје

"Discomgoogolation"
Под стрес сте ако немате пристап на интернет? Тогаш можеби патите од пореметувањето кое псих...
Повеќе ...
На ракот ќе му дојде крајот?!На ракот ќе му дојде крајот?!
8 милиони луѓе годишно умираат од оваа неизлечива болест. Според проценки на научниците до 2030...
Повеќе ...
Срцев удар со RedBullСрцев удар со RedBull
Red Bull e напитокот кој има зголемено количество на кофеин и е популарен кај студентите и приврз...
Повеќе ...
Обрежување-Да или Не?!Обрежување-Да или Не?!
Роберт Бејли од Универзитетот во Илиноис, направи едно испитување врз 2784 необрежани и здрав...
Повеќе ...

Временска прогноза

Ohrid:
26°C
1017mb

8 km/h
Skopje:
32°C
1013mb

5 km/h
Bitola:
26°C
1017mb

8 km/h
Prilep:
26°C
1017mb

8 km/h
Stip:
32°C
1013mb

5 km/h
Gevgelia:
28°C
1014mb

8 km/h

Да не е досадно


 

Надворешни содржини

World News
Yahoo! News
Design by Najdi Vreme - Team
© 2008 Najdi Vreme