"Само нек си добро ти, а за мене не брини, кад се надаш најмање, мени чеш се вратити. Нек си мени добро ти, док ја једва чекам дан да ми доџеш насмејан". Ова е рефренот од новата песна на фолк sвездатат Соња Тарчуловска, која иако сеуште јабно не е промовирана, сепак, е прв на топ листата на најслушани песни во затворот Шевенинген во Хаг.
Песната, зад која авторски стојат Јован Јованов и Елвир Мекиќ, како и останатите песни од новиот албум, сеуште се во демо верзија, останува само да се измиксаат и да се однесат во "Голд продукција" во Србија. Оваа продукција ке го издаде мојот нов албум, бидејки целиот е на српски јазик и е наменет за тој пазар. Како демо снимки, на последното одење во Хаг јас ги однесов сите песни за да ги слушне Јохан, оти многу ми е важен неговиот коментар. Кога пред некј ден се слушнавме ми кажа дека сите што се во Хаг од поранешна Југославија многу ја бендисале оваа песна и секој ден се собираат на дружење за да ја слушаат. Освен тоа сите ја преснимиле во своите компјутери и ја слушаат, вели Соња. Дознаваме оти затворениците од поранешна Југославија во Хаг одамна си правеле своја топ листа на омилени песни. Но, веќе неколку недели приматот најдобра и најслушана на топ листата во Шевенинген е токму "Само нек си добро ти" на Соња која наскоро ќе биде промовирана, заедно со останатите песни од новиот албум. За некоја од овие песни Соња најавува и спот, но сеуште нема одлучено која песна ќе ја визуелизира.
|