Oд почетокот на својот престој во затворот, изгубила 2,5 килограми телесна тежина, а акозатворските власти планираат присилно да ја хранат, би можела своето страдање скапо да го наплати.
Наследничката на хотелскиот магнат со телевизиската куќа Ен-Би-Си (NBC), договорила ексклузивно интервју кое што, по нејзиното пуштање од затвор, ќе биде емитувано во рамките на популарната тв емисија Тудеј. Парис Хилтон за тој настап ќе добие милион долари. Ен-Би-Си ќе профитира многу од овој договор со Парис, бидејќи јавноста сеуште не знае никакви вести за Хилтон за време на нејзиниот престој во затвор. Како единствен услов за интервјуто, Парис Хилтон го постави тоа да во него да не учествува водителот на емисијата МатЛауер, бидејќи не биле во најдобри. Интервјуто ќе се води единствено со неговата ко-водителка Мередит Виера.
|