Бен Афлек, Мет Дејмон, Оливер Стоун и Џон Леџенд ќе промовираат ново ТВ шоу кое ќе биде маркетинг натпревар за Барак Обама. Шоуто ќе се вика "Obama in 30 Seconds". На ова натпреварување се поканети сите подржувачи на Обама да направат спот од 30 секунди за да покажат како ги инспирира кандидатурата на сенаторот.
Победничкиот спот потоа ќе се емитува на националната телевизија. “Креативната енергија и помага на кампањата на Барак Обама уште од почетокот, оваа кампања е одличен начин да се испрати порака до гласачите на Пенсилванија но и до целата нација” – рече Ели Прајсер, извршен директор на MoveOn: "Obama in 30 Seconds" акцијата. “Ова е шанса за сите, за надежните млади режисери, за секој што сака да каже нешто и да го подржи Обама при што ќе учествува во создавањето на историјата” – рече актерот Бен Афлек. Кампањата ќе започне на 27 март, а целиот проект ќе вклучува многу славни личности.
|