Што ја движи нејзината машина? Што ја пали, што ја гаси? Уредниците на серијата книги Заштита на женското здравје им ги поставија истите прашање на стотици жени. Резултатите можат да им помогнат на мажите да ги усовршат нивните љубовни вештини.
Еве дел од резултатите објавени во „Extraordinary Togetherness: A Woman's Guide to Love, Sex, and Intimacy“. Вашето тело Ја палат: добри градни мускули, добри рамена, негувани мажи со убави заби, паѓаат на убаво лице, добра фризура и супер држење. Ја гасат: валкани и долги нокти, премногу тетоважи, премногу колонска вода по бричење, остатоци од храна на брада, премногу залижана коса. Вашата облека Ја палат: боксерки, особено свилени, џинс и спортска јакна, бели маици, кожни пилотски јакни. Ја гасат: Speedo гаќи, маички со слогани од типот „Дали си за гола одбојка за двајца“ и маици од концерти на постари мажи. Вашето однесување и ставови Ја палат: Кога сте внимателни со нејзините родители и децата, кога и давате ситни поклони без посебен повод, кога сте добри со животните, кога сте забавни, кога го трпите добронамерното задевање. Ја гасат: Лошо однесување на маса, претеран мачоизам, самољубие, премногу алкохол, кажување на одвратни вицови, непрестајно гледање на одразот во излозите, носење на телефон во бања. Загревање пред секс Ја палат: масажа, заедничко туширање, заедничка „работа“. Ја гасат: сечење на нокти, чепкање на заби.
|