Најнови изуми кои се создадени да ги решат проблемите во современиот свет и кои ќе ја потцената вашата логика и практика. Јапонците сигурно ќе ви кажат дека путерот во стик е неопходна работа :)
Мини вентилатор за ладење на шпагети Јапонците сакаат да јадат жешки шпагети, но какви и да се тие не сакаат да бидат пре жешки. Затоа компанијата Happy Fun Corporation измислила и патентирала одличен практичен мини вентилатор за ладење на шпагетите. Справата се користи така да на стапчето со кое јадеме го закачиме вентилаторчето, а него го придвижуваат две АА водоотпорни батерии. Вентилаторот е одлична работа, освен ако не седите лево од особата која јаде - во тој случај може да се испрскаат со врела вода која лета на сите страни. Но јапонските иноватори моментално се мислат како да го решат и тој проблем. Капа ја пијаници за безбедно да се вратат дома Мислите дека Јапонците сакаат само да работат? Не, и тие сакаат да се забавуваат, посебно на караоке забава каде ќе испијат хектолитри алкохол. Кога започна на автоматите да се продаваат различни видови на пива, се повеќе јапонците почнаа да пијат во текот на денот. Како последица од ова се појави секојдневното пијанство со што голем број на луѓе заборавале каде живеат и не можеле безбедно да се вратат дома. Но решение има - компанијата Smile Factory College измислила посебна капа наменета токму за тие луѓе. На предната страна се лепи адресата на пијаницата која потоа во подземната железница се скенира со ласер и на тој начин особата безбедно ќе се пренесе до дома. Имено, капата има држач кој се прилепува за прозор и гарантира безбедност на пијаниот. Втора интересна функција и е држење на главата, така да особата која е пијана не мора да се грижи доколку повраќа бидејки на овој начин не може да се задави. Путер во стик За просечните жители на Јапонија ова е веќе јасна работа и нема шанси никој од нив да се посомнева дека станува збор за лепак или нешто слично. Путерот се наоѓа во туба изработена од пластика која се држи секогаш на идеална температура, а стикот може да го понесете каде сакате, бидејќи секогаш е во тврда состојба. Внимавајте да не го замените со лепак! Држач за марамици Иако зимото од дамна помина, сигурно ќе ви се стемни пред очи кога ќе помислите на ладно време, настинка или џепови преполни со марамици! Марамиците се трослојни, така да на носот му обезбедуваат најголема удобност и заштита, и не морате да ги фрлате по првата употреба. Горе доле, едно марамче може да го користите и до десет пати! Доколку не ви смета харијата која ќе ви виси од глава овој изум е вистинско решение за зимската настинка. Стабилноста на држачот е обезбедена со еластична трака, така да може многу цврсто да стои на главата. Чадор за потполна заштита Оваа направа е спас за луѓето кои се плашат од вода, посебно кога паѓа дожд. Но голема благодарност на овој чадор со вграден пластичен целофан, сите кои се плашат од вода не мораат веќе да умираат од страв дека барем една капка ги допре на глава. Овој чадор може да го користат сите оние кои сакаат потполна заштита од дождот, а и пример можеби кога сте премногу дотерани и кога одите на некоја голема веселба а надвор истура дожд - идеална работа! Инка за капки за очи Посебно дизајниран изум за техно фрикови и луѓето кои носат наочари или леќи - интересна справа за ставање капки во очите кога сте во стоечка положба. Ставете ги специјалните очила на кои има залепено две инки во кои слободно може да ги ставите капките и тие ќе капнат директно во вашето око. Техно манијаците сега веќе може ова да го прават на журка, се разбира доколку се предозираат па за да може малку да си го освежат погледот. Држач за коса, при јадењето Дали ви е гадно кога во јадењето ќе ви влезе влакно? Со помош на овој изум вакви работи веќе нема да ви се случат. Едноставно ставете го држачот на глава и не размислувајте околу тоа дали имате проблем со пуштената коса и дали може да ви влезе влакно во јадењето. Хм, а едноставно косата може да ја врзете во ре
|