|
Слика за шест милиони долари |
|
Џ.Ло постави нов рекорд во индустријата на забава - најголем хонорар за ексклузивни фотографии - списанието Пипл ќе и исплати неверојатни шест милиони долари за првите фотографии на близнаците што би требало да ги роди секој миг.
Џенифер ќе добие повеќе за првите фотографии на своите деца отколку што нејзиниот филм “Гигли“ заработил на кино благајните. Иако ниту списанието Пипл, ниту латино дивата не сакаат да ја коментираат оваа информација, извори тврдат дека минатата недела биле решени последните точки околу рекордниот договор, така што Џенифер Лопез две недели по раѓањето на близнаците ќе позира за нивната насловна страна, секако, со опширно интервју. “Постојат деловни договори на куси и долги патеки. Не сакам ниту да потврдам, ниту да демантирам, но најавувам дека Џ.Ло во нашето списание во наредните месеци ќе биде многу присутна“; изјавил Лери Хакет од Пипл.
|