|
Mаратонот во мастурбирање |
|
Копенхаген е новиот домаќин на маратонот во мастурбирање, чија цел е кршење на табуата поврзани со сексуалноста и ослободување од предрасудите. „Целта на ’Masturbate-a-Thon 2008’, е да се соберат жени и мажи од секаде и да се зборува за мастурбацијата.
Учествувањето во маратонот ќе ви понуди „релаксација, уживање и сексуално себеспознавање. Мастурбацијата е позитивна, безбедна и еротска алтернатива“, вели сексологот Пиа Струк Мадсен.
Таа напомена дека постојат посебни соби за секој посетител, посебно за мажи, посебно за жени, но за оние кои немаат проблем со групната мастурбација можат да се приклучат во мешаните соби. „Masturbate-a-Thon“ за првпат е организиран во 1998 година, парите кои се собираат се наменети за добротворни цели. Во случај да не можете лично да присуствувате, постои и друга опција. Можете online dа се вклучите во маратонот. Пријавите и точната локација на одржување на маратонот, дополнително ќе бидат објавени на официјалната страница.
|