|
Сифилисот го донел Колумбо |
|
Новите истражувања покажуваат дека половите болести во Европа ги донеле познатиот морепловец Кристофер Колумбо и неговиот екипаж.
На таа тема се расправа веќе со години наназад, но се чини дека американско – канадската студија, со која што е испитана генетската еволуција на бактериите, дошла до конечниот одговор на прашањето. Првата епидемија на сифилис е забележана во француската војска во 1495 година, две години откако Колумбо се вратил од патувањата. Тој тип на сифилис -Treponema pallidum subspecies pallidum – се пренесува преку сексуален пат. Француските платеници се вратиле во својата родна земја и ја рашириле болеста низ цела Европа. Кристин Харпер од универзитетот Ермори, со својот тим го тестирале ДНК – то на 23 типа на три подврсти Treponema pallidum subspecies pallidum. Врз основа на резултатите, експертскиот тим конструирал стебло кое што покажува како бактеријата се менувала со текот на времето. Од сите типови на сексуално преносливите болести, сифилисот настанал најдоцна и тесно е поврзан со типовите од Јужна Америка. Последните неколку години, во западните држави е зголемен бројот на заболени од сифилис.
|