Кина, во наредните неколку седмици ќе ги надмине САД по бројот на корисници на Интернет, соопшти денеска Кинескиот центар за прашања поврзани со Интернет.
Државата, кон крајот на 2007 година имаше 210 милиони корисници на Интернет, или пет милиони помалку од корисниците во САД. Кон крајот на 2006 во Кина се забележани 137 милиони корисници на Интернет услугите. Според статистичките податоци, се очекува Кина уште на почетокот од 2008 година, да го надмине бројот на корисници во САД, со што ќе стане прва земја по вкупниот број на Интернет корисници.
|