Александра Амбросио, Изабел Гуларт, Миранда Кер, Адриана Лима, Каролина Куркова и Селита Ебанкс се соблекоа како од мајка родени и се прегрнаа за French Photо.

Фотографите овој пат решија да ја соблечат 26-годишната Александра Амбросио. Овој бразилски модел веќе беше прогласена од Тајра Бенкс за “иднината на манекенскиот свет”. Најпозната е по своите улоги во рекламите на Викторија Сикрет. Изабел Гуларт е уште еден бразилски супермодел кој се разголи за French Photo. Таа има 23 години и е една од “ангелите” на Викторија Сикрет. Омилена и е кујната на мајка и, и едвај чека да се одмори во родниот град. Таа како и другите модели како мала имала многу комплекси бидејќи била многу висока и слаба па другите деца ја викале: “жирафа”. Меѓу шесте убавици се најде и една Австралијанка. Со своите 22 години Миранда Кер постигна вртоглава кариера станувајќи дел од Викторија Сикрет. Како млада оваа манекенка немала проблеми со комплексите. Обожава да вози мотор и да јава. Станува модел на 13-годишна возраст кога победува за насловната на магазинот Dolly. Нејзината кариера е доста контроверзна бидејќи поради малата возраст, многу нејзини агенти беа обвинети за пропагирање детска порнографија и педофилија. Адриана Лима е уште една девојка која го живее својот манекенски сон. Со 13 години е забележана во еден трговски центар и од тогаш владее со модните писти. Таа има 25 години, а позната е по нејзиниот став дека “сексот е за брачна заедница”. Таа беше прогласена за најпрекрасната девица на светот. Следејќи ја кариерата на Бритни Спирс која имаше слични изјави во минатото, некако не можеме да му веруваме на целибатот на Адриана. Франческо Карозани, Лени Кравиц, Дерек Џетер и Принц Венс се само некои од среќниците кои биле во врска со Лима, и останале суви. Српскиот кошаркар Марко Јариќ во моментов е нејзино момче. Каролина Куркова е чешки модел кој на фотографиите е припиена кон другите модели. “Таа е ангел со мрачна страна, слатка е и забавна, но изгледа како да може да биде црна волшебничка”-така ја опиша модниот дизајнер Марк Џејкобс. Куркова станала модел сосема случајно, откако нејзините пријатели ги пратиле фотографиите во една чешка агенција. На 17 години Куркова се преселува во Њујорк и ги освојува модните писти во рекорден рок. Селита Ебанкс е последната од шесте одбрани и таа доаѓа од Кајманските острови. Неа ја следи класична приказна во стилот: била сиромашна, немала ни за чевли, а денес е еден од најплатените модели во светот. Уште како 17-годишна девојка ја забележува еден моден агент кој ја вклучува во Елит Модел Менаџмент.
|