Mercedes CLS направи еден нов сегмент на автомобили, кој и покрај скептицизмот на другите компании, се покажа многу успешен. Сега BMW сака да влезе со конкурент на CLS, кој ќе се нарекува серија 8.
Во блиска иднина на пазарот треба да ги видиме и Porsche Panamera, Audi A7, па затоа BMW сака што подобро да се подготви. Не е случајно што многу често излегуваат фотографии од новиот модел.
Се уште не се знае на кој автомобил од гамата ќе се темели новата серија 8, но најверојатно е дека тоа ќе биде од серијата 6, пред се поради помалата маса на таа платформа. Моторизацијата ќе биде превземена од новата серија 7 и тоа 12 цилиндерскиот мотор од 6,0 литри со 445 КС, како и 4,8 литарскиот со 367 КС.
Што се однесува до стајлингот, тој треба да е со повеќе чисти линии и поелегантен од другите модели на компанијата. Цената ќе биде на нивото на серијата 7, што значи дека е за одбрана група на купувачи.
|