Двајца мажи, претставувајќи се како градинари, претвориле еден грчки манастир во плантажа со марихуана, соопшти полицијата.
Реагирајќи по пријава, полицајците дошле во манастирот во селото Филиро, недалеку од Солун и во оградениот двор пронашле повеќе од 30 големи стебла марихуана. “Мажите им кажале на двете постари монахињи во манастирот дека сакаат да им помогнат во градината, а потоа таму засадиле канабис“, изјавил неименуван полицаец. “Монахињите не знаеле за што станува збор и претпоставувале дека се тоа големи декоративни растенија“, додал тој. Монахињите не се уапсени, а полицијата трага по двајцата измамници. 
|