Во купе во воз седат Грк, Македонец, стара баба и плавуша. Влегува возот во тунел и за неколку секунди се слуша силен сочен шамар. Кога возот излегол од тунел гркот имал црвен образ, но никој не прозборел - па така секој размислува во себе: Бабата си мисли: - Сигурно Гркот ја фатил плавушата па оваа му плеснала една... Плавушата мисли: - Хмм, Гркот сигурно сакал да ме фати, но во темница ме промашил ја фатил бабата и оваа му плеснала една... Гркот мисли: - Македонецот сигурно ја фатил плавушата, а таа сакала да му удри шамар, но го промашила и ме удри мене... Македонецот мисли: - Уф, едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го расшамарам Грков!
|