Наскоро треба да го очекуваме новиот малечок на Ford, но како што е ред многу порано излегоа фотографиите. Го следи kinetic дизајнот на другите модели од куќата, но за жал малку е применето од концептниот модел Verve.
Ќе ја користи платформата на Mazda 2, од која ќе ги позајми и бензинските мотори. Ќе бидат достапни три бензинци и два дизели. Спортската верзија ќе развива 170 КС, извлечени од 1,8 литарски Duratec SCi мотор. Многу е инвестирано во квалитетот на ова возило, кое според најавите на компанијата треба да биде во врвот кога е во прашање квалитетот. Внатрешниот простор ќе биде зголемен и сега комфорно ќе може да прими и пет патници. Се очекува и моноволумен на база на новата Fiesta, но овој пат името нема да биде толку несмасно(Fusion). Како што е номенклатурата на овие модели на Ford, треба да се вика B-Max. Ќе излезе од погоните во фабриката во Келн, Германија во 2008 година. Цената ќе стартува од 10.000 евра, но знаејки го Ford, многу брзо треба да очекуваме акциска цена
|